Број на текстови објавени денес: 40
Здравје

Кој пол повеќе страда од депресија и зошто?

Повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот страдаат од депресија, а меѓу нив најмногу се жени. Се проценува дека бројот на депресивните луѓе ќе се зголемува.

Помеѓу помладата популација (на возраст од 14 до 25 години), двојно повеќе се депресивни девојчињата и девојките, за разлика од момчињата и младите мажи. Научниците одлучиле да откријат поради што жените се поранливата група.

Анхедонијата, односно отсуството од радост, уживање во активностите кои некогаш ни причинувале задоволство, е еден од обележјата на депресивното нарушување. На невролошко поле, анхедонијата претставува намалена активност во областа на мозокот која реагира на наградувањето, наречено ventral striatum.

Спроведеното истражување фрла ново светло на тоа како половите разлики кај депресијата се манифестираат во мозокот. Имено, научниците откриле дека воспалението влијае на реакцијата на мозокот на различни стимули кај мажите и жените.

Испитаниците биле поделени во две групи, контролна/плацебо група и група на која ѝ дале ниска доза ендотоксин. Два часа подоцна, откако дејството на ендотоксинот најсилно дејствувало на мозокот, на испитаниците им дале да решат задача во која требало да бидат парично наградени.
Притоа, нивниот мозок бил сниман со магнетна резонанца. Мозокот на мажите, во делот кој реагира на наградување, се однесувал различно од мозокот на жените.
„Кај жените, ендотоксинот доведе до намалување на активноста на овој дел од мозокот, додека кај мажите ова не беше забележано“, рекла професорката Наоми Ејзенберг.
„Ова укажува на тоа дека жените со хронични воспалителни нарушувања се поподложни на развој на депресија од мажите“, додала авторката на истражувањето, д-р Мона Моиени.
Ова истражување е првото кое покажува дека машкиот и женскиот мозок поинаку реагираат на исти стимули, што игра важна улога во развојот на депресијата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тридневна детокс диета

saso user

Мешавина од зачини која штити од појава на рак!

saso user

Маж бара од бремената сопруга-веганка, да јаде месо!

saso user