Број на текстови објавени денес: 36
Спорт

Вон Берген со првиот и последен гол за Јанг Бојс замина во пензија

На капитенот и легендата на швајцарскиот Јанг Бојс, Стив Вон Берген, му требаше да го одигра својот последен натпревар во кариерата за да го постигне својот првенец за клубот на метрополата.

Вон Берген својот прв гол го постигна по вкупно 326 одиграни натпревари за швајцарскиот клуб, за кого игра од 2013 година. Во моментот на погодокот целата екипа од Берн се затрча да го прегрне својот капитен, со што го насолзија 35-годишниот Швајцарец.

Капитенот не можел ни да замисли подобро заминување од фудбалот, дотолку повеќе што неговиот клуб на последниот натпревар од сезоната синоќа го победи Луцерн со 4:0, и уверливо ја освои шампионската титула со дуи 20 поени повеќе од второпласираниот Базел.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џеко главен кандидат за местото на Икарди

saso user

Азар позираше со дресот на Реал Мадрид

saso user

МЗТ ја освои титула во кошаркарското првенство по чисти 3-0 против Работнички

saso user