Број на текстови објавени денес: 101
Балкан

Хорор, ја полил сопругата со бензин и ја запалил

Трагедија се случила синоќа во местото Мол кај Бачка, кога 58-годишник ја полил сопругата со бензин и ја запалил, а потоа се обидел да се самоубие.

Како што дознава „Курир.рс“, мотивот за убиството најверојатно била љубомора.

Убиецот прво ја полил жената со бензин, а откако ја запалил сакал да го изгасне огнот, но не успеал во тоа. Потоа се обидел да се самоубие себеси со 20 дози инсулин, бидејќи бил дијабетичар.

Телото на несреќната жена, родена во 1972 година, било пронајдено без живот. Нејзиниот сопруг бил во критична состојба и лекарите се борат за да го спасат.

Наводно, во семејството претходно немало пријави за насилство.

ФОТО: Курир.рс / С.У.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Блиц“ тврди дека Вучиќ бил болен

saso user

Брнабиќ: Пацоли не дојде во политика од шума, зошто е засегнат?

saso user

Реакции во Косово по информациите дека објавената слика од силување во војната не е автентична

saso user