Број на текстови објавени денес: 34
Свет

Убиени 23 затвореници, ранети 18 чувари во Венецуела

Организацијата на заштита на правата на затворениците во Венецуела денеска соопшти дека затворски чувари, за време на бунт во затвор во сојузната држава Португеса , убиле 23 затвореници.

Умберто Прадо од Опсерваторијата за венецуелските затвори рече дека во бунтот биле ранети и 18 чувари.

Тој затвор е 350 километри од главниот град Каракас.

Венецуелските власти досега не го коментираа овој инцидент.

Минатата година, 68 затвореници беа убиени во бунт во затвор во Валенсија, од кои многумина изгореа живи.

Критичари велат дека 30 затвори во Венецуела се пренатрупани и со нив управуваат банди, кои се занимаваат со трговија на дрога и оружје.

Инаку, Венецуела се наоѓа во голема криза, која се карактеризира со недостаток на храна и лекови, поради што милиони граѓани заминаа од земјата.

Во исто време, постои жесток политички конфликт меѓу претседателот Николас Мадуро и водачот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател и е поддржан од околу педесет земји, вклучувајќи ги и САД.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Канада се согласи со Франција, Германија и Британија и е против Русија во Г7

saso user

Претставник на ОБСЕ: Шокиран сум од повикот за насилство врз новинарите на БИРН

saso user

Протест на академици во Загреб, се противат на доделување на почесен докторат на градоначалникот Бандиќ

saso user