Број на текстови објавени денес: 13
Македонија Топ вести Урбани вести

ПИСМА: Во Музеј Охрид се прима исклучиво необразовани и нестручни лица по мерак на директорката Новаковска!!

Почитувани. Со голема радост го читав вашиот текст за случувањата во Завод и Музеј Охрид. Како еден од многумината што работеле со договор во Завод и Музеј преку 15 години надевајќи се на вработување, но по промената на директорот бевме избркани, со задоволство ќе ви дадам неколку информации кои ќе можете да ги искористите за вашиот нареден прилог.

Во огласот за вработување од 21.11.2018 (јавен оглас бр. 01/2018) се бараа 7 лица и тоа: археолог, документатор, библиотекар, историчар на уметност, магационер, возач и хигиеничар.
– За работната позиција возач е примен дотичниот Ацо, кој иако во огласот седеше дека треба да има ССС-IV CCC-III степен од електро струката, Ацо е примен со средно угостителско образование и одма е ставен член во комисија.
– За работна позиција документатор. Вработено е лице кое било блиско со семејството Новакоски, иако лицето немаше никакво работно искуство. За разлика од други кои преку 15 години работевме на договор и чекавме вработување, но бевме избркани.
– За работна позиција магационер. На таа позиција години работеше лице кое си ја знаеше работата перфекно, и се надевање на вработување. Но директорката ја избрка и на нејзиното место вработи друго лице.
– За работна позиција археолог. Вработено е лицето Драган Танески ,наводно по интервенција од центраката во Скопје на СДСМ ,кој наводно бил близок со неговиот зет за сестра. Но интересно е што сопругата на Танески, добро познатиот умилкувач на директорите и десна рака на Новакоска, Анита Пејчиноска Танеска е исто вработена во Завод и Музеј времето на ВМРО со огласот во 2013 година. Значи тука имаме случај на непотизам.
Конечните резултати од огласот беа донесени на 25.05.2019. Скоро пола година од објавување на огласот. Со оглед дека за местото возач е направен пропуст, лицето кое е вработено не ги исполнува условите од огласот, автоматски целиот оглас треба да се поништи и директорката да се даде отказ. И дел од овие лица беа вработени уште на самиот почеток од 2019, а дел во крајните денови на Мај, што е спротивно на сите закони. И од датумот на објавување на огласот 21.11.2019 до крај 23.05.2019 (како што е заведено на добиеното известување) се поминати повеќе од 6 месеци што автоматски пратената документација (документ за неосудван, уверение за државјанство…) се постари од 6 месеци и не се валидни.
НАПОМЕНА:Изнесените наводи во рубриката „ ПИСМА“, НЕ се став на редакцијата и на издавачот.Редакцијата и издавачот се оградуваат од изнесените наводи.Писмото е објавено интегрално.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Потенцијални убијци без возачка дозвола се чаламат по улиците

saso user

Др Митре Милошевски-Ајде предизборно, оди поклони некој станбен објект на социјалец, за да поверуваме во твоите „чесни“намери-лаги!

saso user

Македонци повторно се вратија со искршени автомобили од Грција

saso user