Број на текстови објавени денес: 14
Спорт

Надал: Би го укинал вториот сервис, мечевите ќе бидат поинтересни

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека правилото за втор сервис треба да се укине. Шпанецот е меѓу првите осум играчи по процентот на успешност при првото сервирање.

– Јас би го укинал вториот сервис. Во тој случај мечевите ќе бидат поинтересни. Покрај тоа, може да се заштеди многу време. Навистина, меѓу првиот и вториот сервис поминува многу време – вели Надал.

Предлогот на Надал е еден од многуте кои произлегоа во последно време за промена на правилата во тениските мечеви, но останува да се види како ќе биде прифатен во тениските кругови и кај надлежните за „белиот спорт“.

ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Реал Мадрид брка антирекорд

saso user

РАКОМЕТНИОТ КЛУБ ВАРДАР, ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА ,ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ

saso user

Тите: Меси ја стави под сомнеж својата величина

saso user