Број на текстови објавени денес: 41
Спорт

Меси ја освои шестата „златна копачка“

Лионел Меси ја освои својата шеста „златна копачка“ во кариерата.

Меси до оваа награда дојде по успешната игра оваа сезона во Ла лигата, каде во 34 натпревари постигна 36 голови. Зад него, со четири голови помалку, остана Килијан Мбапе, кој на последниот натпревар и пораз на ПСЖ успеа да постигне само еден, иако му беа потребни пет голови.

Аргентинецот воедно стана и вториот најстар фудбалер што ја освоил „копачка“ и тоа на возраст од 31 година, 11 месеци и 25 дена. Рекордот се уште го држи Хуго Санчез кој бил месец дена постар од Лионел кога ја освоил оваа награда во 1990 година.

Сепак, откако ја прими наградата, играчот на „каталонците“ призна дека не размислува за „златната копачка“ ниту за себе, и дека се уште се присетува на болниот пораз од Ливерпул.

ФОТО: EPA / PETER POWELL

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Португалија заработи 10,5 милиони евра за освојување на Лигата на нациите

saso user

Јокиќ во последната секунда ја донесе победата на Денвер, Дончиќ разочаран ВИДЕО

saso user

Девојката која го обвини Нејмар за силување, добила закани по телефон

saso user