Бизнис

Закана од бразилски министер: Ако не го усвоите мојот проект за пензиски реформи, си одам од државата

Бразилскиот министер за економија, Пауло Гедеш, се закани дека ќе поднесе оставка и ќе ја напушти земјата ако не успее неговиот проект за реформа на пензискиот систем.

Гедеш рече дека во случај Парламентот премногу да го разводни неговиот предлог, „ќе седне во авион и ќе замине да живее во странство“.

– Јас не сум неодговорен, не велам дека ако реформата не биде усвоена, ќе заминам утре … Но, јас може јасно да кажам: Слушајте, направив што морав, не сум подготвен да останам. Ако не ја спроведеме реформата, Бразил ќе биде во оган и крв – рече министерот.

Тој додаде дека сегашниот пензиски систем е банкротиран.

-Нема да имаме пари да платиме државни службеници. Ќе има хаос во јавниот сектор …Реформите се итно потребни, бидејќи пазарот нема да чека долго – тврди Гедеш.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Евростат: Ирците јадат во ресторани, Романците дома

saso user

Русите, Србите и Турците главни купувачи на надвижнини во Црна Гора

saso user

МИЗРАХИ: ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА ЗА СЕКОЈ ВРАБОТЕН

saso user