Спорт

Дурант навреден од гласините дека Голден стејт игра подобро без него

Кошаркарот на Голден стејт Кевин Дурант, кој закрепнува од повреда и не беше во тимот во конференциското финале против Портланд, беше навреден од гласините дека актуелниот НБА шампион игра подобро без него.

Дурант одговори на овие критики.

– Тоа не е вистина. Нема никаква врска со реалноста. Такви разговори се одвиваат откако дојдов тука. Знам многу добро што донесов во тимот, што можам да ја дадам, но исто така знам дека на многу луѓе не им се допаѓа тоа што јас сум во Голден стејт – изјави Дурант.

Противник на „воините“ во големото финале ќе биде подобриот од пресметката Торонто – Милвоки (3-2 моментален резултат).

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Касиљас се врати на теренот два месеци по инфарктот

saso user

Пандев уште една година во Џенова, па во пензија

saso user

Трансфер на годината во италијанскиот фудбал

saso user