Број на текстови објавени денес: 34
Македонија

Во „мерцедес“ откриени тројца мигранти во штипско

Во „мерцедес“ биле откриени тројца мигранти во штипско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Ноќеска по полноќ, во 03.15 часот на регионалниот пат Радовиш – Штип, пред
село Лакавица, штипско, полициски службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот С.Р. од Скопје, а во кое се превезувале тројца мигранти од Еритреја. Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка – велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ивановска: Ќе работиме одговорно, транспарентно, професионално и законито

ohrid_user

Груевски се израдувал на оставката на Катица Јанева

saso user

Викендов нема да работи жичницата на Водно

saso user