Број на текстови објавени денес: 40
Спорт

Буфон – трагичарот на ПСЖ

Францускиот шампион ПСЖ синоќа претрпе длабок пораз од Реимс, а наголем виновник за таквиот резултат е голманот на „принцевите“ Џанлујџи Буфон.

Италијанската голманска легенда, дури трипати ја извади топката од својата мрежа. Првиот гол го прими меѓу нозе, на вториот реагираше лошо, а вината му се препишува и за третиот гол поради лоша проценка и излегување до половината на теренот оставајќи го голот на парижаните празен.

Џиџи неодамна изјави дека ПСЖ му понудиле продолжување на соработката, и дека би сакал да остане во Париз, без разлика на тоа што освоиле само еден трофеј. Сепак, по синоќешниот дебакл, на 41 годишниот Италијанец сериозно му е разнишано местото во „Паркот на принцевите“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Русија преку пенали до бронзата на Светското првенство во хокеј, Финска и Канада во финалето

saso user

Скандал: Малолетен фудбалер среде натпревар барал судијка орално да го задоволи! ФОТО

saso user

Вардар го раскина договорот со Даниел Ѓорѓески

saso user