Број на текстови објавени денес: 47
Бизнис

Фејсбук лансира своја криптовалута

Фејсбук го финализира планот за лансирање своја криптовалута за следната година.

Тие имаат намера до првиот квартал на 2020 година, да воспостават систем за дигитално плаќање во десетина земји, а до крајот на оваа година ќе започне со тестирање на својата криптовалута, интерно наречена – ГлобалКоин (GlobalCoin).

Се очекува Фејсбук летоска детално да ги претстави плановите, а основачот, Марк Закерберг, веќе разговараше со гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни.
Двајцата разговарааминатиот месец за можностите и ризиците одпокренуавње криптовалута, а Фејсбук, исто така, побара од американското Министерство за финансии да даде совети за оперативни и регулаторни прашања.
Фејсбук исто така преговара со компаниите за трансфер на пари, вклучувајќи го и Вестерн јунион, бидејќи бара поевтини и побрзи начини за испраќање и примање пари на оние кои немаат банкарска сметка.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тевдовски: За да нема злоупотреби угостителите и обложувалниците ќе имаат ограничување за издавање сторна сметка

ohrid_user

Сугарески – Брахос: Заеднички инспекциски служби на железничките гранични премини

saso user

Извозот пораснал за 7,7 отсто

saso user