Урбани вести

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

По повод одбележувањето на 24-ти Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, пред нивниот споменик на кејот „Македонија” во Охрид беше положено свежо цвеќе и беше одржана пригодна свеченост.

Свое обраќање пред присутните имаше Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.

-Денес, овде пред  нивниот монумент, со посебен пиетет го чествуваме денот на великите сесловенски просветители, Светите Кирил и Методиј. Одбележувањето има посебна симболика зошто пораките  ги  упатуваме од овој простор, каде во непосредна близина се наоѓаат спомениците на нивните ученици Светите Климент и Наум Охридски, продолжувачите на нивното просветителско и духовно дело.

Монументите  на најголемите сесловенски светители се свртени кон Охридското Езеро и кога ќе погледнеш чиниш дека заедно му упатуваат порака на светот во која доминантно место имаат просветителството и хуманизмот.

Светот знае дека светите Кирил и Методиј ја напуштиле царската палата во Константинопол и заминале во просветителска мисија, водени  од идејата дека сите европски народи  под исти услови  треба да имаат еднаков пристап до словото.

Светите  Кирил и Методиј,  биле подготвени да ја жртвуваат својата слобода и својот живот, за да го одбранат правото сите народи да зборуваат на својот јазик. Делото на Кирил и Методиј не згасна. Нивните следбеници, Светите Климент и Наум го продолжија преку работата на  Климентовиот универзитет од каде околу три и пол илјади ученици тргнувајќи од  Охрид продолжиле да ја шират сесловенската писменост и култура.

За нивното дело, признанието дојде дури во дваесеттиот век, кога папата Јован Павле II на 31 декември 1980 година, во своето апостолско послание EGRIGAE VIRTULIS , заедно со Свети Бенедикт ги прогласи за ко-покровители на Европа, зошто  Кирил и Методиј го дадоа својот влог во Европа, европската култура и цивилизација.

Во историјата на Охрид, што трае повеќе од 6 илјади години, сите цивилизаци оставале траги кои и сега се видливи. Посебни  белези и бројно културно и духовно наследство има токму од овој период, па затоа Охрид се нарекува Балкански Православен Ерусалим и центар на сесловенската писменост и култура.

Ние сме горди што на темелите  кои ги поставија  Светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Светите  Климент и Наум, се надоврзаа македонските преродбеници. На нас е да продолжиме да чекориме по тој пат, истакна Ангелоска.

На свеченоста беа доделени награди на најдобрите ученици од основните и средните училишта во Охрид кои добиле признанија на регионални, државни и меѓународни натпревари.

Во рамки на програмата за одбележување на Денот на Сесловеските просветители во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј” во населбата Кошишта беше одржана Панихида посветена на светите браќа и Фолклорен концерт на КУД „Ѓердан”.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Еве каде ќе се истовараат туристите во Охрид

saso user

За прв пат по 50 години ,Општина Центар добива ново основно училиште ООУ„Киро Глигоров“

saso user

БОГАТА МУЗИЧКА ПРОГРАМА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ

saso user