Урбани вести

Два настани во охридската Библиотека

Денеска во 12 часот во НУ. Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација д-р Ана Комарова ќе се одржи предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски, чудотворец и голем подвижник од 20 век.

Д-р по науки Комарова ќе говори и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ.

Утре – четврток 23 мај во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во охридската библиотека од 13 и 30 часот ќе биде отворена изложба на литература посветена на животот и делото на просветителите.

Во истиот термин во соработка со Средното економско училиште „Св Кирил и Методиј“ од Охрид кое го слави патронот ученици од училиштето ќе читаат стихови и проза од и за просветителите.

Професорката по македонски јазик  од истото  училиште Марија Симјаноска ќе одржи предавање посветено на мисијата на солунските браќа  и нивното значење за нас и за целиот словенски свет.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „КОСТА АБРАШ“

saso user

Галерија: Се рушат монтажните бараки кај каналот Студенчишта на градежната „Трудбеник“ Охрид

saso user

ОДРЖАНА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user