Бизнис

Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банка

Директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банката.

Според Прес 24, Трајковски заминува од ДЗЛП за да стане директор на Еуростандард банката. Тој за порталот само најавил дека заминува на друга функција.

Трајковски за Плусинфо навести дека ќе оди на друга функција, но одби да открие дерали. Тој само кусо ни изјави да почекаме да заврши со оставката.

Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.

Тој во оставката се заблагодарува на довербата да биде избран за директор, во како што вели, период кога Македонија се соочувала со тешки повреди на приватноста, намалена доверба на граѓаните во институциите, што било констатирано и од експертите предводени од Рајнхард Прибе.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Елитниот угоститеслки Еснаф“ од Охрид исплатувал К 15 во висина од 500,оо денари, се делеле плати на црно!?

saso user

Прентовиќ: Со Законот за земјоделско земјиште се мотивираат младите земјоделци

saso user

Над 100 домашни и странски компании на „Macedonia Manufacturing Expo 2019“

saso user