Број на текстови објавени денес: 13
Досие Македонија Топ вести

БИДЕТЕ ХУМАНИ , ДОНИРАЈТЕ ЗА КАНЦАЛАРИЈА НА ПРАТЕНИЧКАТА ЖАКЛИНА ЛАЗАРЕВСКА!

Скандалот со Пратеничката од редовите на СДСМ Жаклина Лазаревска , која извршила класично Кривично Дело -Узурпација на туѓ имот , поприма поголеми размери. Како што и објави редакцијата ОхридСкај , Жаклина Лазаревска не само што извршила узурпација на туѓ имот за сопстевни потреби , спротивно на сите Закони, туку ,истата за да ја спаси сопстевната кожичка , отишла понатаму!Како Што дознава редакцијата ОхридСкај, од како на повидок излезе скандалот со „пратеничката канцаларија“ на Жклина Лазаревска во простор сопственост на ЈП„Охридски Комуналец“, побарала и добила некаков си договор од ненадлежен орган на Општина Охрид ,секако ретроактивно антидатиран и како таков впишан во уписникот на Општина Охрид , со што се’ направени и додатни три Кривични Дела, но за тоа оставаме да отвори предмет Јавното Обвинителство за организиран кримунал и корупција на РСМ , применувајќи го Институтот ДОПРЕН ГЛАС. Воедно , напоменуваме ,дека и редакцијата ОхридСкај до надлежно обвинителство ќе поднесе Кривична пријава за можно сторено Кривично Дело -Злосторничко здружување.

-Имотот каде ја сместила својата пратеничка канцаларија пратеничката Жаклина Лазаревска е против правно узурпирана , со што сопственикот ЈП „Охридски Комуналец “ претрпува значителна финасиска штета .Од друга страна ,ниту секретар на општина ,а ниту пак градоначалник има право да потпишува , а уште помалку да антидатира некаков си договор , за кој тие ниту воопшто се сосптевници ,а уште помалку имаат такви ингеренции. Оснивач и сопственик на имотот на сите јавни претпријатија во Општина Охрид е ’ Советот на Општина Охрид. Градоначалникот или секретарот на Општина Охрид , до колку сакале да излезат во пресрет на барања на Пратеник, должни биле да побараат вондредна или, на некоја редовна седница на Советот на Општина Охрид ,да предложат точка на дневен ред -„Остапување на имот на јавно претпријатие за потреби на собрание на РСМ“, а тоа дали Советот на општина Охрид ќе го одобрел или не таквото барање на Градоначалникот или секретарот како овластени предлагачи, тоа е знак на прашалник!?

Пратеничката Жаклина Лазаревска не треба да плаче и да се жали на уредникот и редакцијата на ОхридСкај, зошто МННА ОхридСкај не е привезок на нејзината партија и нема да подлегне под ниту еден притисок,зошто грашаните имаат право да ја знаат вистината.

Како одговорен уредник и сопстевник на МННА ОхридСкај го давам следниот :

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД

Се замолуваат сите граѓани на Општина Охрид ,  во рамките на своите можности, да оделат од своите домашни буџети колку можат финасиски средства,макар и денови трпеле за леб фамилијарно,а одделените финасиски средства да ги донираат во узурпираната „пратеничка канцаларија“ на „почитуваната“ пратеничка Жаклина Лазаревска ,како би можела да ја подмири наемнината за деловниот простор. Донацијата може да ја дадете исклучиво лично во „пратеничката канцаларија“ на пратеничката Жаклина Лазаревска во комплексот на дирекцијата на ЈП „Градски пазар“ во Охрид ,но притоа не заборавајте да побарате од асистенката да ви издаде Каса прими за донацијата, зошто не евидентирани парични средства можат да заврашат во „Рајската Долина“ …

Крајно „хумано“ е да и помогнеме на пратеничката Лазаревска ,зошто таа ем маки ќе Ви слуша и решава , ем ќе треба да тоа го плаќа од нејзиниот скромен неколку илијаден евра месечен буџет ,кој го зема на терет на граѓшаните на Охрид!

Дали истата е’ видовита , дали гледа на Тарот на Карти, на Кугла, на Грав или има надприродна моќ за нереешавање на нечии проблеми , не знаеме , но со сигурност знаеме дека има надприродни сили за да си ги реши сопствените фамилијарни потреби….

Сашо Денесовски-Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Република Северна Македонија ја потпиша Сингапурската Конвенција за медијација

saso user

Македонецот кој стана пратеник во Албанија утре ќе даде заклетва

saso user

Г-дин Митко Чавков ,местото тебе и на твојте партиски налогодавачи е само едно,а тоа се вика ЗАТВОР!

ohrid_user