Број на текстови објавени денес: 0
Балкан

Рама: Има простор за дијалог

Простор за дијалог и за разговори има и подготвен сум за дијалог со опозицијата, но единствено во рамки на Уставот, изјави албанскиот премиер Еди Рама, гостувајќи во емисијата „Опинион“ на телевизијата Клан.

Иронизирајќи го барањето на албанската обединета опозиција за негово заминување од функцијата, Рама рече дека филмот „оди си зашто во спротивно нема дијалог“ е веќе виден.

Тој посочи дека „многу добро се знае“ оти постојано инсистирал на тоа дека нема да замине, оти нема одлагање на локалните избори и оти тие ќе се одржат на 30 јуни.

– Обвинуваат дека не го почитуваме Уставот, а всушност тоа го прават тие. Делуваат на штета на националниот интерес, на штета на Уставот, на штета на граѓаните кои ги гласаа, кои може да ги носат на душа доколку ги остават да спијат на улица. Простор за дијалог и за разговори има и кога страните војуваат на бојно поле, кога пукаат со митралези и ракети. Овде немаме протест, туку напад врз институциите. Молотовите коктели се борбено оружје, а тие ги фрлаат врз полицијата – рече Рама.

Според него, сценариото на опозицијата, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција на Моника Круемади, за преземање на власта на маса е неприфатливо.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бил Клинтон пречекан со високи почести во Косово

saso user

Балканот зафатен од урагански ветер

saso user

Шешељ бара Белград да ги заостри односите со Црна Гора и да апси Црногорци

saso user