Број на текстови објавени денес: 0
Свет

По завршувањето на мандатот Меркел не е заинтересирана за никаква функција

Германската канцеларка Ангела Меркел демантираше дека планира да се кандидира за некоја од водечките позиции во Европската унија.

– По завршувањето на мандатот како канцелар во 2021 година не стојам на располагање за ниту една политичка функција, а тоа се однесува и на функциите во ЕУ – ја пренесуваат денеска германските медиуми изјавата на Меркел.

Таа појасни дека нејзината изјава за тоа дека и натаму сака да преземе одговорност за Европа е „погрешно сфатена“.

– Секако дека до крајот на својот мандат како канцеларка ќе сносам одговорност за судбината на ЕУ – појасни Меркел.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меркел нагласи дека е добро, го разбира интересот за нејзината здравствена состојба

saso user

Пожари во Каталонија, ангажирани стотици пожарникари

saso user

Ќе се најде ли решение за политичката криза во Венецуела?

saso user