Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

Касиљас негира дека прекинува со фудбалот

Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас ја негираше веста дека ја прекинува својата фудбалска кариера. Голманот на Порто доживеа срцев удар, по што му беше поставен стент. Касиљас моментално се опоравува по операцијата.

Многумина веруваа дека голманот веќе го одиграл својот последен натпревар во својата гламурозна кариера, а денес медиумите во Португалија објавија дека Касиљас одлучил да се пензионира.

Сепак, неколку часа подоцна, фудбалерот ја искористи својата официјална сметка на Твитер за да ги оспори тие шпекулации.

– Здраво на сите. Повлекување … ќе дојде ден и за тоа. Ќе соопштам, кога ќе дојде тој ден. Сега ми треба само душевен мир. Вчера имав преглед со д-р Филип Маседо. Сѐ е во ред. Ова е најголемата вест што сакам да ја споделам со сите вас – пишува Икер Касиљас.

Фото: EPA/FRIEDEMANN VOGEL

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Охрид во август ќе биде домаќин на 300 најуспешни пливачи на ФИНА

saso user

Американецот Хиндс и Хрватот Морнар се нови кошаркари на МЗТ

saso user

Вардар ќе игра финале во Требиње

saso user