Број на текстови објавени денес: 0
Свет

Иранска револуционерна гарда: Нашите ракети можат да погодат американски бродови

Заменикот командант на иранската Револуционерна гарда Мохамед Салех Јокар тврди дека иранските ракети со краток дострел можат да дојдат до американските воени бродови во Заливот.

Иран ги обвини САД за „психолошка војна“, а врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Техеран нема да преговара за нов договор откако Вашингтон се повлече од иранскиот нуклеарен договор, склучен во 2015 година.

– Дури и нашите ракети со краток дострел лесно можат да дојдат до американските воени бродови во Заливот. Америка не може да си ги дозволи трошоците за нова војна. Земјата е во лоша ситуација во смисла на работна сила и социјални услови – оцени Јокар.

Во меѓувреме, политичкиот заменик на командантот на оружените сили на Иран Расул Санаи-Рад го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за нечесност.

– Постапките на американските водачи во вршењето притисок и покренување санкции…додека зборуваат за водење дијалог е исто што и да држиш вперен пиштол кон некого и од него да бараш преговори и пријателство – истакна Санаи-Рад.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Германија затворен нелегалниот „Вол стрит маркет“ и уапсени тројца мажи

saso user

Дали олигархот Коломојски „од сенка“ ќе управува со Украина по изборот на Зеленски

saso user

ЕУ: Брегзит се одлага до 22 мај, ако Парламентот во Лондон го усвои Договорот

saso user