Број на текстови објавени денес: 0
Свет

Два американски разурнувачи впловија во Персискиот Залив

Американските разурнувачи „Мекфол“ и „Гонзалес“ синоќа впловија во Персискиот Залив, објави денеска информативниот портал на Воено поморскиот институт на САД, повикувајќи се на извори во Пентагон.

Порталот, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, наведува дека воените бродови веќе го минале Ормускиот Теснец. Според расположливите податоци, секој од бродовите може да носи по 50 крилести ракети „Томахавк“.

Претходно во Оманскиот Залив пристигна и ударна поморска група предводена од носачот на авиони „Абрахам Линколн“.

Во последно време односите помеѓу Вашингтон и Техеран се заострија и присуството на американски воени бродови во регионот се смета како притисок на САД врз Иран.

САД дури го обвинија Иран дека стационира ракети во Персискиот Залив.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека нема намера да испрати копнени трупи во регионот и дека идејата за воена интервенција на САД во Иран е неоснована.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сопственикот на Амазон забрзано се подготвува за на Месечината (ВИДЕО)

saso user

Татко обвинет дека си ја убил ќерката поради домашна задача (ВИДЕО)

saso user

Ставиле камери во хотелски телевизори, штекери и фенови за коса, четворица уапсени во Јужна Кореја

saso user