Број на текстови објавени денес: 43
Спорт

Гвардиола: Не можеме да си го дозволиме Гризман

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја отфрли можноста „граѓаните“ да го земат Антоан Гризман. Францускиот напаѓач отворено изјави дека го напушта Атлетико Мадрид, а неговата откупна клаузула е 120 милиони евра.

– Манчестер Сити нема да го земe Гризман. Не можеме да си го дозволиме. Барселона нема за што да се грижи – изјави Пеп на прес-конференција пред финалето на Купот на Англија против Ватфорд.

Каталонците ова лето се фаворити за потписот на Французинот.

Манчестер Сити и Париз Сен Жермен, исто така, се сметаат за кандидати за потпис на светскиот шампион.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Одбојкарите на Џио Струмица ја освоија шампионската титула

saso user

Мбапе: Останувам во ПСЖ и другата сезона

saso user

Надал: Би го укинал вториот сервис, мечевите ќе бидат поинтересни

saso user