Број на текстови објавени денес: 43
Свет

Холандија: Или прифатете повеќе бегалци или ќе воведеме гранични контроли за Источноевропејците

Холандскиот премиер Марк Руте денеска се закани со воведување на гранични контроли за државјаните на источноевропските членки на ЕУ, доколку овие земји не се согласат да прифатат поголем број бегалци.

Во интервју за холандската телевизија НОС, Руте вели дека со потпишувањето на Шенгенскиот договор за слободно движење, земјите не може да уживаат само во предностите, туку мораат да ги преземат и одговорностите што произлегуваат од него.

– Неприфатливо е неколку земји да прифатат најголем дел од бегалците. Она што ние, како западноевропски земји можеме да направиме, е повторно да воведеме гранични контроли кон државите од Источна Европа – вели Руте.

Како пример Руте ја посочува Унгарија, која. како што вели, на ниту еден начин не им помага на барателите на азил, дури кога тие не ни сакаат да останат во земјата, туку да заминат во некоја друга европска држава.

Забелешката на Руте се однесува на унгарскиот закон за забрана за укажување помош на барателите на азил, поради што најголем дел од нив завршуваат на границите на Унгарија на т.н. ничија земја, каде немаат пристап ниту хуманитарните организации.

Руте најави дека за неговата идеја за воведување на гранични контроли за Источноевропејците веќе разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, а наскоро ќе има разговори и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Гладуваат милиони луѓе во Северна Кореја

saso user

Хорор во Австралија: Ги убил сопругата и тештата, верувал дека во таксито „му влегуваат геј луѓе и му се додворуваат“

saso user

ОН им препорачаа на своите службеници да не летаат со Боинг 737 Макс

saso user