Број на текстови објавени денес: 43
Спорт

Тричковски избран за најдобар фудбалер во Кипар

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски беше прогласен за најдобар фудбалер во Кипар за актуелната сезона, по гласањето на фудбалските тренери во елитната лига во земјата.

Популарниот Тричко имаше одлична сезона во дресот на АЕК Ларнака откако реализираше 24 гола на 39 натпревари.

Офанзивниот фудбалер играше и во групната фаза од Лига Европа, откако во второто по квалитет фудбалско клупско натпреварување на Стариот континент забележа шест голови и шест асистенции.

Македонскиот репрезентативец во моментов е повреден и најверојатно нема да настапи во квалификациите за Европското првенство против Полска и Австрија во јуни.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Прва радост за Еурофарм во ЕХФ-купот

saso user

Мик Шумахер: Споредбите со татко ми никогаш не биле проблем

saso user

Тим го совлада Ѓоковиќ во натпреварот кој започна вчера, а завршни денеска

saso user