Број на текстови објавени денес: 1
Досие Македонија Топ вести

СКАНДАЛ:ПРТЕНИЧКАТА ЖАКЛИНА ЛАЗАРЕВСКА УЗУРПИРАЛА НЕ САМО ГРОБНИ МЕСТА ,ТУКУ И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА КОМУНАЛЕЦ ОХРИД, МЕТИ СИ?!

Пратеничката од редовите на СДСМ Жаклина Лазаревска , извршила класично Кривично Дело -Узурпација на туѓ имот и за тоа ,јавно ги извести граѓаните на Општина Охрид преку социјалните мрежи?!

Имено ,пратеничката Жаклина Лазаревска преку социјалните мрежи до грѓаните го упатила следното известување:

„Почитувани сограѓани, Сакам да Ве информирам дека од утре во старата зграда на охридскиот пазар е отворена мојата канцеларија за комуникација со граѓаните. Оваа канцеларија е отворена од Собранието на Република Северна Македонија а со цел во неа да остварувам средби со Вас за да ги слушнам Вашите идеи, предлози и проблеми. Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот , а средбите ќе ги закажуваме преку мојата асистентка во канцеларијата. Ваш пратеник , Жаклина Лазаревска“.

ЖАКЛИНА ЛАЗАРЕВСКА ГО УЗУРПИРАЛА ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР НА ЈП„ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“?!

Жаклина Лазаревска не знае никој како се вселила во деловните простории на ЈП „Охридски Комуналец“ во ТЦ „Градски Пазар“ .Од ЈП „Охридски Комуналец “ на прашање на редакцијата :

Охридскај : Дали остапиле деловен простор за пратеничка канцеларија на пратеникот Жаклина Лазаревска,дали има барање од Собрание на РСМ , под кој услови е издаден деловниот простор и кој се јавува како нарачател и превземач на обврски за подмирување за наемнина , струја , вода и др. давачки?

ЈП „Охридски Комуналец“-Охрид: До нас до сега нема пристигнато никакво барање за изнајмување на деловен простор ,ниту од пратеничката лазаревска ,а ниту од било кој друг орган. И ,ние за тоа дознавме од социјалните мрежи.Точно дека деловниот простор е во сопственост на ЈП „Охридски Комуналец“ , но од нас ниту некој побарал ,а ниту од нас добиле клуч за влез во деловниот простор.Во 2009 година ,со одлука на тогашниот градоначалник Александар Петрески, тој простор се издаде за потребите на Собранието на РМ, но за период од 1 година ,но и тогаш никој не ја плати закупнината , потрошената електрична енергија ,вода и други давачки. Според Закон , доколку издаваме деловен простор ,ние сме обврзани да спроведеме јавна и транспарентна постапка за издавање на деловен простор.Како влегла пратеничката во простории кој се сопственост на ЈП „Охридски Комуналец“ќе испитаме како Јавно Претпријатие , што е и наша законска обврска да го штитиме имотот кој е во наша сопственост“,ќе истакнат од ЈП „Охридски Комуналец“ за Охридскај.

УПАЃАЊЕ ВО ТУЃ ИМОТ Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА КОЈ ЈОРМ ТРЕБА ДА ПОКРЕНЕ ВЕДНАШ ПОСТАПКА!!

Пратеничката Жаклина Лазаревска по втор пат е во центарот на противзаконски дејствувања и добивање на привилегии за личен интерес. Првиот пат во 2018 година , кога си одбрала Гробно Место во ЈП Градски Гробишта Охрид .Тогаш , беше откопан и оскрвавен гроб на висок српски свештеник на СПЦ, зошто нејзиното пратеничко „правосвештенство“ Жаклина Лазаревска сакала да почива во близина на „Елитата“??!

И,сега со неовластено упаѓање во туг деловен простор ,кој го прикажува како пратеничка канцаларија!?,од позиција на партиска моќ-Пратеник во Собранието на РСМ,користејќи ја и позицијата -политичка ,главен кадровик за Охрид и околината,член на ЦО на СДСМ,не нарачувала Улје од Канабис како нејзиниот колега „шарениот “Павле Богоевски, но се стекнала со против правна имотна корист на штета на граѓаните на Општина Охрид. Да напоменеме , за отворање на пратенички канцаларии , според деловникот за работа на собранието на РСМ , пратениците добиваат надохнади , во смисол на дневници, патни трошкови и останато,а и асистентот кој тие го назначуваат да работи во пратеничката канцаларија , го плаќа Собранието на РСМ , поточно се плаќа од даноците на граѓаните на РСМ.

Лазаревск , среќна нова 1949-та , и Сталин и Берија ,а и Груевци за ваз биле дестка градинка .

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев телефонски од Меркел побарал поддршка за старт на преговорите со ЕУ

saso user

Галерија- Видео: Победничката изјава на СДСМ и Константин Георгиески во Охрид

saso user

МЕЧКАТА БРАНКО АРНАУДОВ АМИНУВАЛ ДИВОГРАДБА НА МАРКЕТ „ТАМАРО“ И ПРОДАВА BMW ЗА 1 ЕВРО,ДЕЛ-6-ТИ

ohrid_user