Број на текстови објавени денес: 74
Сцена

„Симпсонови“ повторно ја предвидоа иднината ФОТО+ВИДЕО

„Симпсонови“ се емитуваат од 1989 година, а во нивното 30-годишно постоење, предвиделе многу настани од иднината.

Епизодата на популарното анимирано шоу, под наслов „The Serfsons“ од октомври 2017 година, била во вид на пародија на „Игра на тронови“, така што го илустрирала токму она што се случило во претпоследната епизода на „Игра на тронови“.

Пред крајот на епизодата на „Симпсонови“ семејството гледа над средновековната верзија на Спрингфилд која ја пали лутиот змеј, а токму тоа се случило кога Даенерис и нејзиниот змеј Кингс Лендинг претвориле сè во пепел.

„„Симпсонови“ повторно ја предвидоа иднината“, коментирале Твитер-корисниците, кои биле изненадени од исечокот од епизодата на „Симпсонови“.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Рики Мартин ја покажа неговата ќерка Луција Мартин Јозеф (ФОТО)

saso user

Потврдено обвинението за Тони Цетински: Му се закануваат осум години затвор

saso user

На ќерката на Ума Турман ѝ испаднале градите на премиера на филмот ФОТО

saso user