Број на текстови објавени денес: 69
Свет

САД: Трансродна личност бара „X“ во пасошот во делот за пол

Девет американски сојузни држави поднесоа барање до Апелацискиот суд во Денвер за на трансродната личност Дани Зим да му се дозволи во пасошот да се изјасни со небинарен пол, односно со симболот „X“ наместо машки или женски пол.

Државните обвинители на Калифорнија, Колорадо, Мејн, Минесота, Невада, Њу Џерзи, Орегон, Вермонт и Вашингтон оценуваат дека на Дани Зим не може да му се одбие барањето за издавање пасош. Таа трансродна личност се идентификува како небинарен пол, поради што поднесе тужба против државата, но судот во Денвер ја одби.

Американските сојузни држави кои го поднесоа барањето до судот наведуваат дека дозволуваат небинарни одредници за пол во личните документи и оти тоа не создава никакви компликации.

Меѓународната цивилна авијација, организација на Обединетите нации која поставува стандарди за меѓународни патни исправи, оценува дека пол во тие документи може да се обележува како машки, женски и „X“ за неспецифични полови.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На 9 јуни предвремени претседателски избори во Казахстан

saso user

Најлошата педофилка во Британија излегува од затвор: Одборот мисли дека „повеќе не претставува ризик“ ВИДЕО

saso user

Русија бара од „ЈуТјуб“ да спречи споделување информации за протести

saso user