Број на текстови објавени денес: 46
Свет

Руските системи С-400 ќе бидат под целосна контрола на Турција

Ракетниот систем С-400, кој Турција го купува од Русија, во целост ќе биде под контрола на Анкара, изјави денеска турскиот министер за надворешна политика Мевљут Чавушоглу.

– Некои велат дека системите С-400 претставуваат закана за борбените авиони Ф-35. Овие системи ќе бидат под наша целосна контрола и ќе бидат интегрирани во НАТО системот – изјави за „Хуриет“ Чавушоглу за време на посетата на летонија.

Тој вчера негираше дека Турција го одложува купувањето на рускиот противракетен систем „-400 поради тензичните односи со САД. Чавушоглу потенцираше дека во моментов не станува збор за никакво одложување или стопирање на испораката.

Чавушоглу уште појасни дека Анкара и Вашингтон разговарале за предлогот на Турција за основање заедничка комисија која би ги разгледувала можните ризици од С-400 за американската програма Ф-35.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дајмлер: Немаме поим како наши возила се испорачани во Северна Кореја

saso user

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според скалата на Рихтер во Турција

saso user

Орканска бура во Германија го прекина железничкиот сообраќај

saso user