Број на текстови објавени денес: 64
Балкан

Помалите градови во Албанија се празнат, а Тирана, Драч и Валона се пренаселени

Покрај се поголемиот процент на албански граѓани кои емигрираат во странство, со забрзана динамика продолжува и преселбата од помалите во големите градови во земјата, покажуваат податоци од Државниот институт за статистика (ИНСТАТ).

Според најновите статистички податоци за разлика од малите градови кои се празнат, Тирана, Драч и Валона стануваат пренаселени.

Само во Тирана денес живеат 895.000 жители или 31,3 отсто од вкупното население, што е трипати поголема бројка на население во споредба од пред три децении кога Тирана имаше околу 300.000 жители.

Експертите ја нагласуваат потребата од инвестиции и поддршка на политиките за развој во другите делови на земјата, како начин за подобрување на условите за живот и спречување на раселувањето.

Според податоците на ИНСТАТ градови кои забрзано се празнат се северниот град Кукс, кој денес има 77.000 и јужниот град Ѓирокастро со само 61.000 жители.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Објавени министрите во новата грчка влада, Дендиас шеф на дипломатијата

saso user

Монструм ги убил зетот и внукот, откако другиот внук се пожалил на ќотек, хорор во Србија

saso user

Фотографии на жена и дете силувани од српските сили прикажани јавно во Собранието на Косово

saso user