Број на текстови објавени денес: 70
Спорт

Нојер го пропушта и натпреварот со Ајнтрахт

Капитенот и голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер нема да игра во последното, 34. коло од фудбалското првенство на Германија со Ајнтрахт.

Ова го најави тренерот на Баварците, Нико Ковач.

– Нојер постигнува напредок. Тој е во фаза на закрепнување, но нема да игра овој викенд – изјави Ковач.

За потсетување, голманот беше повреден на средбата со Фортуна во 29. коло.

Баерн Минхен в сабота го пречекува Ајнтрахт Франкфурт и со евентуална победа ќе освои нов шампионски трофеј во Бундеслигата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На Колумбија ѝ требаа 12 години за да ја победи Аргентина

saso user

Алегри останува во Јувентус

saso user

Осака назначи поранешен соработник на Серена Вилјамс за нов тренер

saso user