Број на текстови објавени денес: 2
Досие Македонија Топ вести

НОВИ СКАНДАЛИ ЈА ТРЕСАТ ОПШТИНА ОХРИД,ИЗБОРНИ И ПОСТ ИЗБОРНИ МАНИПУЛАЦИИ СО ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ?!

Предизборен и пост изборен инжинеринг во Општина Охрид,се калкулирало со све и сешто?!Од ендна страна Член 8 од Закон за иброи ,во општина Охрид стапил на важност само предизборно,а во голем дел и пост изборно со цел да се задоволат апетитите на иние блиски до кабинетот на градоначалникот Георгиески??!!

Проектите од Јавен Интерес ,кој општина Охрид на ден 15-01-2019 година согласно донесените заклучоци наа Совет на Општина Охрид ,ги распиша, и ако временската рамка за достава на истата беше 30 дена , рокот за евалуација 30 дена , комисјата назначена од тогаш вршител на должност ,а сега Градоначалник Константин Георгиески, во состав:

-Ристе Булоски -советник и претседател на комисија

-Флорентина Стерјоска -Член од состав на државната админситрација

-Весна Јованоска -Член од состав на државната админситрација

-Урим Алиу -Член од состав на државната админситрација и,

НАЈВАЖНИОТ ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА, ВООБРАЗЕНА И САМОЗАМИСЛЕНА ПРВА АДМИНИСТРАТОРКА ВО ОПШТИНА ОХРИД МАГДАЛЕНА БАЛЕСКА.

Погоре наведената Комисија , споротивно на одлуката на Совет на Општина Охрид , Закон и Кодекс на државни службеници, не извршила навремена евалуација на проектите од Јавен Интерес, не ги известила лицата , правните субјекти и Невладините организации за одовлекувањето на постапката , со што нанеле ненадоместлива штета на сите кој со свои проекти аплицирале. Имено сите проекто се поврзани со временски периоди на нивно спроведување и , согласно Закон Општина Охрид и комисијата која одлучувала или ќе одлучува во некое идно време, која патем истата ,е крајно нестручна , непрофесионална и нема елементарно разбирање за материјата по која одлучува , се доведува во состојба на надредени личности ,како на сите кој аплицирале со свој проекти, така и врз граѓаните на Општина Охрид.

ЗА ДА ПОВЛЕЧЕТЕ ПРОЕКТ ОДЛУЧУВА НАЈВАЖНИОТ ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА, ВООБРАЗЕНА И САМОЗАМИСЛЕНА ПРВА АДМИНИСТРАТОРКА ВО ОПШТИНА ОХРИД МАГДАЛЕНА БАЛЕСКА??!!

нешто што во изминативе 2 години се провлекува на мала врата во Општина Охрид ,а нешта кој ни на далеку не доликуваат на Државен службеник, секако е односот на членот на комисијата Магдалена Белеска ! На ова лице ,дрскоста и самозамислена надредена на државната админситрација во Општина Охрид,а патем референт во одделот за финасии, зема толкава слобода , па така странки кај првите лица на Општина Охрид , арогантно ги станува од столиците каде што седат,без одобрение на претпоставениот , им ги зема на сила , нејзини биле општинските столици??!!

Но тука не завршува самоволието на Магдалена Белеска !?Кој и дал толкава сила ,да се расправа со вработени и странки , да глуми раководител на државната администрација во Општина Охрид, остваме на ова прашање да одговори Градоначалникот Константин Георгиески??!

Имено Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни  Потреби во  медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА-Охрид,аплицираше со свој проект на огласот на Општина Охрид.В‘чера на ден 13.05.2019 година, Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни  Потреби во  медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА-Охрид, поднесе официјално барање за повлекување на доставениот проект од Јавен интерес, при што беше побарано истиот да биде вратен на подносителот.

Од страна на членот на комисијата Магдалена Белеска , денес на ден 14.05.2019 година , наместо да го добиаме бараниот проект уредно побаран со допис до Општина Охрид, наидовме на скандалозен однос ,кој не доликува воопшто на државен службеник.Државниот службеник Магдалена Белеска може да се дере по нејзините претпоставени,кој и го дозволиле тоа ,а не на претсавници на правни субјекѕи и граѓани.

Крано доколку Член 8 има важност само за проектите од Јавен интерес и субвенционирање на ранлива категорија на граѓани , нејасно е по кој Член од Изборниот Закон е дозволено асфалтирање и партерно уредување на улици, сокаци , патишта и домови на граѓани на Општина Охрид? Дали можеби Член 8 а од Изборниот Закон дозволува Изборен Поткуп , додека ранливата категорија на грашани и лицата со посебни потреби ,треба да им служат како гласачка машинерија??!

Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни  Потреби во  медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА-Охрид

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Костовски до Мијалков: Да не ги уништевте системите можеби и ќе имав докази

saso user

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев пред претставниците на најголемите германски компании: Ова е вистинско време за инвестиции во Северна Македонија во предвидлива и одржлива средина за развој

saso user

„МОБИ ПЕТРОЛ“ ОХРИД ВИ ГИ ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

saso user