Број на текстови објавени денес: 64
Бизнис

Македонско вино ќе биде ознака за географско потекло на вината од повеќе земји

Разговорите на македонско-грчката комисија за трговски марки се водат во рамки на Договорот од Преспа и на паритетна основа, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Во Договорот од Преспа е јасно утврдена рамката во која преговараат двете комисии за трговските марки. Тоа што е исклучително важно е дека се работи на паритетна основа и во духот на добрососедство и пријателство. Што значи се усогласуваме на пријателски и добрососедски начин и тоа на паритетна основа, тоа значи дека догоовреното ќе важи и за едната и за другата страна. Работата на оваа комисија ќе потрае, нема да биде веднаш завршена, ќе има повеќе сесии, меѓутоа секогаш кога ќе има значителен исчекор ќе ја информираме јавноста во детали што е договорено и како – вели Бошњаковски.

Конкретно во случајот за виното, тој потсети дека е веќе договорено дека кога ќе се каже македонско вино тоа ќе се однесува за сите вина произведени во регионот Македонија, односно географското подрачје на Македонија кое опфаќа повеќе земји.

Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња денеска во Солун го одржува првиот состанок на кој присуствуваат и бизнисмени од двете земји.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кои се најуспешните менаџерки на годината?

saso user

Италија загуби една милијарда долари поради руските санкции

saso user

Нова листа на должници: Фирмите и граѓаните должат 142 милиони евра

saso user