Број на текстови објавени денес: 43
Македонија

Заев од конференција за лица со попреченост: Тие се исти како и сите нас

Тие се исти како и сите нас, само им е неопходна поголема поддршка за да можат и тие да се школуваат, да добиваат соодветен третман од институциите, а потоа и да се вработат, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето во рамки на отворањето на меѓународната научно – стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“.

Наведувајќи го примерот на Нина, која одговорно, професионално и посветено работи во библиотеката на Владата, а е девојка со Даунов синдром, Заев истакна дека сите институции треба да ги отворат вратите и да им дадат подеднакви шанси за вработување на сите, без разлика на нивниот физички изглед.

– Малубројни се и примерите за вклученост на децата со попреченост во образовниот процес. И во овие сфери едноставно мора да сториме повеќе. Но, се почнува и зависи од нашата свест. Ова мало општество, како што е нашето, навистина треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или на оној начин се разликуваат од нас. Пораките коишто секојдневно ги пренесуваме треба да бидат пораки за заедништво, за прифаќање и почитување на различностите – заклучи Заев.

Унапредување на правата и овозможување подобри услови за лицата со попреченост, како што рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, е приоритет на Владата на Република Северна Македонија и на министерството за труд и социјална политика.

– Големите институции каде со години се згрижуваа најрaнливите наши сограѓани се безлични, ладни и не нудат соодветна грижа. Токму затоа, наша цел е да ги елиминираме, а сите корисници да ги добиваат услугите кои им се потребни во нивната сопствена заедница или во помали групни домови, каде ќе им биде овозможена стручна помош, но и внимание и топлина за полесно секојдневие – рече Царовска.

 

Во таа насока, како што додаде таа, минатата година, Владата ја усвои Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, којашто предвиду

Поздравувајќи ја идејата за организација на конференцијата, министерот за образование и наука, Арбер Адеми им оддаде чест на сите коишто својот професионален ангажман го посветиле на едукација и рехабилитација на лицата со попречености.

– Луѓето кои одлучиле непосредно да работат со нив, да ги подготвуваат за справување со секојдневните предизвици и да им помагаат на нивните семејства. Тоа е тешка, но и благородна работа“ – истакна министерот Адеми.

Имајќи предвид дека правото на образование е уставно загарантирано, како што рече министерот Адеми, институциите на системот се должни да овозможат пристап до образовниот систем за секој поединец и тој пристап да биде прилагоден согласно неговите потреби.

– Во моментов се изработува ново законско решение за основното образование, кое дава предност и предвидува повеќе новини поврзани со едукацијата на учениците со попречености. Во една паралелка во редовно основно училиште ќе можат да бидат запишани најмногу до двајца ученици со извесни попречености со кои освен досегашниот инклузивен тим составен од наставникот, стручен работник – педагог, психолог или дефектолог, како и родителот, ќе работат и образовни асистенти – рече Адеми и додаде дека специјалните училишта ќе станат основни училишта со ресурсни центри, во коишто ќе се запишуваат само учениците со најтежок вид попречености.

Министерот за здравство, пак, Венко Филипче најави дека до март 2020-та година, како пилот проект ќе се спроведува модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете и младинец, базиран на Меѓународната класификација на функционирањето, изработен од Канцеларијата на УНИЦЕФ.

– Со неговата примена фокусот се става на она што едно лице може да го достигне доколку се работи на развивање на неговиот потенцијал. Развојот на потенцијалот во комбинација со отстранување на ограничувањата во околината, ќе овозможи активно и целосно учеството во општеството -истакна министерот Филипче.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ременски: По една деценија добивме вистински претседател

saso user

Мицкоски: Не е до метлата, до Заев е

saso user

Заев: Нема дилеми дека во договорот со Бугарија се работи за две држави, два народа и два јазика

saso user