Број на текстови објавени денес: 82
Свет

Европска комисија може да има продолжен мандат

Сегашниот состав на Европската комисија, чиј мандат истекува на 31 октомври, би можел да остане подолго на должност, поради процесот на назначување на новите функционери, најави денеска еврокомесарот за буџет Гинтер Етингер, во интервју за европскиот весник „Политико Европа“.

– Назначувањето и сослушувањата и патот до следната Комисија може да не бидат завршени во септември – октомври годинава – изјави Етингер.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, тој не ја исклучува можноста мандатот да биде продолжен до декември во зависност од динамиката на преговорите за назначување на следните главни функции во европските институции.

Со конституирањето на Европскиот парламент по изборите, се доделуваат главните функции во сите европски институции – претседатели на Европската комисија, Европскиот совет, Европската централна банка и Европскиот парламент и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ.

Процесот е резултат на преговори помеѓу шефовите на држави или влади на ЕУ и зависи од балансот на сили помеѓу политичките партии.

Во интервјуто, Етингер вели и дека многумина во Брисел би сакале следна претседателка на Европската комисија или на Европскиот совет да биде Ангела Меркел.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Прва жртва по укинувањето на автономијата на Кашмир

saso user

Столтенберг: Властите во Приштина не можат на север без согласност од КФОР

saso user

Закерберг во Атина ја слави годишнината од брак

saso user