Број на текстови објавени денес: 43
Македонија

Во Скопје викендов ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 18. мај (авионско) и 19. мај (терестрично).

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во сабота и во недела, во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне во недела и ќе заврши најдоцна до четврток, во период од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Милошоски: Некој од политички побуди влијаел на обвинителството против Вељаноски

saso user

Заев и Ципрас ќе обујат железни опинци за да го одржат пријателството

saso user

Кој ќе го замени министерот Адеми во заминување?

saso user