Број на текстови објавени денес: 54
Македонија

Водата од Билјанини извори небезбедна за пиење

Водата од Билјанини извори на Охридското Езеро e небезбедна за пиење, предупреди денеска Центарот за јавно здравје од Охрид.

Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите спроведени во текот на денешниот ден покажале присуство на патогени бактерии, па оттаму водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, а од Центарот за јавно здравје посочуваат дека во континуитет се следи состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори за што благовремено ќе биде известувана јавноста.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тројца велешани осомничени за компјутерска измама

saso user

Додатокот за трето дете ќе го примаат само семејствата со минимална плата

saso user

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Рамазанските пости

saso user