Број на текстови објавени денес: 43
Бизнис

Агро секторот не е зрел за приклучување кон ЕУ

Светот размислува за роботи во фармите, а ние расправаме за штали и дали тие им обеабедуваат добри услови на кравите. Вака професорката Благица Сековска ја отслика состојбата во еден од секторите на земјоделството на денешната меѓународна конференцијата на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“ што се одржува во Стопанската комора во организација Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија.

Според неа, аграрната политика во земјава е неконзистентна, а мерките кои се преземаат се планираат на некомплетни податоци, без анализа и своеволно, онака како што сакаат и очекуваат политичарите. Моменталната состојба пак не влева надеж дека секторот е подготвен да влезе во европското семејство.

– Имаме трудоинтензивно, но нископродуктивно земјоделство. Тоа се гледа од фактот што една четвртина од работоспособното население е ангажирано во земјоделството, а тоа создава само 10 отсто од Домашниот бруто производ. Згора на ова, селата се испразнија и нема доволно работници. За неколку години можно е да немаме земјоделство – рече Сековска.

Од актуелната состојба, според неа, мора да произлезат и мерките кои ќе се преземат за задржување на змејоделците

– Освен мерката субвенции, за која треба да одлучиме дали ќе биде развојна или социјална ќе треба да се најде начин како со друг тип на мерки и политики да се задржат луѓето во селата, но не по цена сите да се занимаваат со земјоделство -рече таа.

Според неа, треба да се размисли зошто и натаму остануваат проблемите со неискористени средства од ИПАРД програмата, за потешкотитеи во пристапот до финансии за фармери, пренамена на земјоделско земјиште во градежно, кои се проблемите кои придонесуваат да не се основаат земјодлески аздруги и низа други прашања.

Нејзиниот колега Ордан Чукалиев, пак, проблемот го лоцира во фактот што мислиме дека имаме прекрасни природни услови за земјодлество што не е точно, бидејќи во ниту еден сектор од земјоделството немаме конкурентна предност во однос на другите.

– Сепак, имаме предност во едно – вкусот. Вкусот на доматот, пиперката, краставицата… произведени во земјава е поинаков и него треба да го негуваме – рече Чукалиев.

Создавањето на конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на нашата земја, според него, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективни пазар.

Жаклина Јуришиќ од Стопанска комора на Хрватска зборуваше за проблемите и предизцвиците со кои ќе се сретнат земјоделците со влезот на земјава во ЕУ.

– Тоа значи прилагодување на целиот земјоделски сектор на политиката што се води во ЕУ, со исти царински прописи, фитосанитарни и ветеринарни правила, потоа почитување на заедничка земјоделска политика, заедничко регулирање на пазаро -рече таа.

Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора  смета дека немаме економски одржливи рурални заедници кои ќе допринесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари.

– Предлог-Буџетот за оваа година за секторот земјоделство, предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини, создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство. Во таа насока, неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да во еден догледен перод може да се видат резултатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна- рече Георгиева Јовевска.

Конференција има за цел ставовите и пораките што ќе ги испорачаат бинзис секторот и домашните и меѓународни експерти од областа, да ги дефинираат насоките на идниот развој на агро секторот во државата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Насуфи: Потранспарентни јавните набавки со новиот закон, лани договорите тежеле 700 милиони евра

saso user

Германија и годинава најголем трговски партнер на земјава

saso user

Заев: Финансиската состојба на државата е одлична

saso user