Број на текстови објавени денес: 43
Македонија Топ вести

Џафери ја извести Комисија дека на Груевски може да му се одземе мандатот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја извести Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски отсуствува од работа повеќе од шест месеци без оправдување. Со ова се исполнуваат условите Собранието да почне постапка за одземање на мандатот на Груевски.

Џафери бара матичната комисија да постапи согласно Деловникот. Претседателот на Комисијата Павле Богоевски, најави седница за следната недела.

– Кога се работи за одземање на мандат, а не за притвор, немаме итна ситуација. Бидејќи треба да се соберат сите податоци и треба да се разгледаат изостаноците на пратеникот, седницата на комисијата планирам да ја свикам следните денови односно на почеток на следната недела -рече Богоевски.

Доколку комисијата изгласа да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски, за тоа Собранието ќе мора да расправа на првата наредна седница. За пратеник да остане без својот мандат, потребни се 80 гласови, односно две третини кои парламентарното мнозинство ги нема.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев за споредбата со Тито: Аман, немојте јас сум Заев од село Муртино

saso user

Заев и Ахмети идната недела ќе ја јавнат метлата

saso user

Николовски: Финансии за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата

saso user