Број на текстови објавени денес: 55
Свет

Чавушоглу: Нема договор за одложување на набавката на С-400

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу денеска негираше дека Турција го одлага купувањето на рускиот противракетен систем С-400, поради напнати односи со САД.

Чавушоглу рече дека „во овој момент не се доведува во прашање никакво одложување или укинување“.

Тој повтори дека набавката на системот направен во Русија е „завршена работа“.

Чавушоглу рече дека Турција и САД разговарале за предлогот на Турција за формирање заедничка комисија, која ќе ги разгледа можните ризици на С-400 според американската програма Ф-35.

Блумберг претходно објави дека Турција го разгледува барањето на САД да ја одложи набавката на рускиот противракетен систем С-400 до 2020 година.

Како што наведе, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела побара од Анкара одложување на приемот на С-400, кој според договорот треба да биде испорачан во јули.

САД тврдат дека рускиот противракетен систем е дизајниран да соборува американски и сојузнички авиони, вклучувајќи и Ф-35, во чија изработка помагаат и турски произведувачи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Економските имигранти решение за демографската стагнација на Словенија

saso user

Во празна куќа пронајдена сомнителна експлозивна направа во Крајстчрч

saso user

На зградата на Европскиот парламент закачено и знаме на Истра

saso user