Број на текстови објавени денес: 43
Бизнис

Тиквешките семејни винарии формираа здружение

Здружение на семејни винарии е формирано во Тиквешко. На основачкото собрание, беа присутни триесеттина претставници на фамилијарни винарници, а интерес има и кај други најмалку десетина. Станува збор за мали винарски визби од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и Градско. За прв претседател е избран Горан Јаковлевски.

– Целта ни е развој на винарството. Сите ние сме производители на вино, ракија, маџун и други производи од грозје. Ќе соработуваме со други здруженија и локалните самоуправи, со стручни лица и надлежните институции при носење на законски акти и слично. Заеднички ќе настапуваме при прекугранична соработка, организирање на саеми и други традиционални настани како „Свети Трифун”, „Тиквешки гроздобер” и други, кои имаат за цел унапредување на винарството и туризмот. Заеднички ќе набавуваме репроматеријали и опрема, ќе го промовираме нашето производство – рече Јаковлевски за МИА.

Потпретседател е Блаже Миневски, секретар Гоце Попов, а благајник Александар Грков. Формирани се и управен и надзорен одбор.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Анета Пешева претседателка на Управниот одбор на МАСИТ

saso user

Нафтата поскапа за 30 отсто од почетокот на годината

saso user

ЛДП спрема законски измени за неделите и празниците да бидат неработни и за продавниците и трговските центри

saso user