Број на текстови објавени денес: 43
Здравје

Рибиното масло во битката со цигарите, јадете повеќе сардини, сончоглед

Консумацијата на рибино масло во форма на омега-3 масни киселини може да ви помогне да се откажете од цигарите, тврди д-р Шарон Рабиновиц Шенкар од Универзитетот на Хаифа, Израел.

Истражувањата покажаа дека пушачите кои консумирале одредена количина омега-3, пушеле 10 отсто помалку цигари, односно почнале да чувствуваат помала желба за пушење. Потоа следела споредба со група испитаници подложена на плацебо ефект, кај кои немало намалување на бројот испушени цигари на ден.

Недостигот на омега-3 масни киселини често се сретнува кај хроничните пушачи. Кај човекот тоа води до оштетување на нервните клетки и врската меѓу нервите во делот на мозокот којшто е одговорен за контрола на потребите. Тој своевиден прекин на доток информации пак, влијае на потребата од цигари.

Д-р Шенкар смета дека резултатите од експериментот покажуваат дека омега-3 масните киселини се „наш сојузник при откажувањето од цигарите“ и оти, за разлика од други средства, тие не предизвикуваат несакани појави.

Така, препораката гласи дека пушачите треба да внесуваат повеќе производи како сардини, скумрија, лосос, но и зејтин, јаткасти плодови и сончоглед.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ракот на дебелото црево напаѓа млади пациенти и е шеста причина за смрт во Македонија

saso user

Вашата крвна група влијае на брзината на слабеење

saso user

Што е поопасно за здравјето – сол или шеќер?

saso user