Број на текстови објавени денес: 55
Македонија Топ вести

Перкс: Само пет отсто од децата во сиромаштија добиваат финансиска поддршка

Потребна е подобра дистрибуција на финансиската поддршка за децата кои живеат во сиромаштија, бидејќи во моментов неа ја добиваат само пет проценти од овие деца, вели Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија.

-Во сите делови од општеството семејството е навистина важно. Триесет проценти од децата во земјава живеат во детска сиромаштија и многу семјества се засегнати од ваквата детска сиромаштија. Меѓутоа, сепак, одредени семјства успеваат да обезбедат нормален живот и покрај таа сиромаштија и навистина се восхитуваме на нивната отпорност. Но би сакале да постигнеме подобра дистрибуција на финансиската поддршка за децата кои се засегнати од детска сиромаштија. Во моментов пет проценти добиваат такви средства, а ние би сакале тоа да го покачиме на бројка од 70-80 проценти – вели Перкс, кој денеска се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството на организиран од Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Втората клучна работа на која се посветени е запоставеноста и насилството врз децата што се врши во семејството и што да направта за алкохолизмот, душевните болести и сите трауматски состојби што постојат во семејството да се намалат. Токму затоа, вели, една од реформските активности е поддршката на системот на патронажни сестри кои со своите посети ќе треба да им обебзедат помош и поддршка на децата кои се наоѓаат во системот на социјална заштита. Во фокусот на УНИЦЕФ, нагласува Перкс, е раното детство, односно да се заштитат децата во предшколска возраст, да се обебеди здравствена заштита како на пример од сипаниците, исто така и преку програми за предшколско образование.

Марио Јанчев, директор за развој на програми на СОС Детско село-Република Северна Македонија, вели дека она што тие го прават како институција е што во соработка и дојава од центрите за социјални работи излегуваат во пресрет на згрижување на деца кои останале без родителска грижа, а помагаат и биолошки семејства кои се во социјален ризик. Во однос на ризиците со кои децата се соочуваат во биолошките семејства, вели ги има различни видови.

– Обично тоа се деца кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, постојат различни ризици како запоставување, насилство и сиромаштијата, која само по себе прави децата апсолутно да не добиваат поддршка. Невработеноста на родителите и низа други фактори влијаат на ризикот децата да ги напуштат семејствата или да впуштат во други социопатолошки појави – вели Јанчев.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството во аулата на Филозофскиот факултет при УКИМ, организиран од Институтот за семејни студии, деца од прво три одделение од ОУ Лазо Ангеловски цртаа на зададената тема да го нацрта своето семејство.

– Семејството е основната клетка на општетството затоа во тој дух ги учиме децата на важноста на семејството и почитување на семејните вредности – вели наставничката Ивана Младеновска, координатор за прво одделение при ова училиште.

Инаку годинава, УНИЦЕФ Интернационалниот ден на семејството го посветува на темата на миграциите, односно како да се задржат семејствата во земјава и на климатските проблеми – загадувањето на градовите кое има директен ефект врз детскиоѕт развој, нивното здравје и квлаитетот на животот што се многу важни работи како за децата така и за семејствата.

– Општетството треба да се здружи, да ги обедини своите сили и да преземе мерки во врска со решавањето на ваквите горливи проблеми и да рече дека ќе го забрзаме целиот овој процес за да се разрешат сите кризни состојби – порача Перкс.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Антикорупциска ги одби приговорите од ВМРО-ДПМНЕ

saso user

Матурската парада го обои плоштадот (ГАЛЕРИЈА)

saso user

Десетици бебиња починаа во лежалките „Рок енд Плеј“, САД ги повлекува од пазарот

saso user