Број на текстови објавени денес: 0
Здравје

Оваа промена во вашиот глас може да биде знак за рак на белите дробови

Симптомите на ракот на белите дробови можат да бидат различни, од болки во градите до отежнато дишење.

Меѓутоа, наизглед безопасната промена како што е засипнатиот глас би можела да го наговести развивањето на тумор во вашето тело. Кога е време да појдете на лекар?

Ракот на грлото е еден од најнепријатните тумори, бидејќи тешко се открива, а и кога ќе се дијагностицира тогаш главно болеста веќе е во напредна фаза.

Овој вид на рак е и најчест во Велика Британија, а јасните симптоми ги дава дури кога ќе дојде до проширување на болеста на другите органи, најчесто на белите дробови.

Најновото истражување предупредува дека можеби сте во ризик од развивање на рак на грлото доколку сте забележале некои промени во вашиот глас, пренесува медицинскиот сајт Very Well Health.

Засипнатиот глас не мора да значи дека имате рак на грлото. Сепак доколку сте засипнати подолго од три недели, најдобро е да посетите лекар.

Туморот на грлото може да влијае и на јачината на вашиот глас. Во раниот стадиум обично не дава никакви симптоми, но и ако има симптоми, обично се состојби кои можат да се помешаат со некои полесни заболувања.

Ракот на грлото може да се препознае и доколку вложувате голем напор при изговарање на зборовите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вашето тело не поднесува млечни производи? Никогаш не би ги препознале овие 7 симптоми

saso user

Ја ставате ли раката кога ќе кивнете? Правите грешка!

saso user

Совети од стручњаците: Има спас и за проширените вени

saso user