Број на текстови објавени денес: 43
Спорт

Нејмар го притиска ПСЖ да го привлече Кутињо

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар го притиска раководството на клубот да го привлече Филипе Кутињо од Барселона, информира „Екип“.

Според информациите, Нејмар и неговиот татко веќе разговарале со претседателот Насер Ал-Хелаифи и спортскиот директор Антеро Енрике за евентуалниот трансфер на Кутињо.

Добрите односи меѓу двата бразилски играчи ќе го олеснат трансферот на играчот од Барселона во шампионот на Франција.

Агентот на Кутињо веќе работи на пронаоѓање на нов фудбалски тим за халфот.

Пари Сен-Жермен се чини дека се подготвени да инвестираат многу голема сума пари за да ги обезбедат неговите услуги.

Кутињо премина од Ливерпул во Барселона во јануари 2018 година за сума од 120 милиони евра, плус 40 милиони евра дополнителни бонуси во зависност од презентацијата на бразилскиот фудбалер.

Се верува дека Каталонците имаат тенденција да се разделат со „кариоката“, но ќе сакаат да добијат минимум 100 милиони евра за него.

Единствениот проблем со спроведување на трансферот на Кутињо во ПСЖ може да биде лошата врска меѓу францускиот клуб и Барселона. Парижаните го зедоа Нејмар летото 2017 година и односот меѓу двата клуба беше сериозно нарушен.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вардар против Мешков без Дисингер, Борозан и Горбок

saso user

Венус Вилијамс не се предава ни на 38, ја победи Квитова

saso user

Вардар го победи Загреб и се пласираше во четврт-финалето од ЛШ

saso user