Број на текстови објавени денес: 47
Бизнис

Највисока стапка на вработеност во ЕУ и еврозоната

Стапката на вработени лица во Европската Унија и во еврозоната никогаш не била повисока, соопшти денеска Евростат.

Според последното истражување на Европскиот институт за статистика, околу 241 милион лица во ЕУ и 160 милиони во еврозоната, имале работно место во текот на четвртото тромесечје од изминатата година, односно дека од 2014 година креирани се 13, 4 милиони работни места во ЕУ.

Во првото тромесечје од годинава, пак, бројот на вработени се зголемил за 0,3 отсто во ЕУ и за 0,2 проценти во еврозоната.

Во споредбата со истиот квартл од претходната година, зголемувањето изнесува 1,3 отсто за ЕУ и 1,2 проценти за еврозоната.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќе бидат познати вистинските сопственици на фирмите, се подготвува регистар

saso user

Анѓушев: Компаниите понудија коректни цени на бензините

saso user

Граѓаните потврдија дека телефонските услуги се скапи, 61 отсто од нив би смениле оператор за пониска цена

saso user