Бизнис

Најавен силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал годинава и уверува дека ќе имаме економска година посветена на инфраструктурата.

– Изградбата на капиталните проекти се приоритет број еден за Владата. Најавиве дека оваа ќе биде економска година и се држиме до таквите изјави. Само преку ЈП за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година – изјави Сугарески, при увидот на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Драчево – Таор.

Се работи на 90 – ина проекти за над 700 километри патишта патишта, мостови и патарини, со вкупна вредност од над 850 милиони евра.

– Засилено работиме на гасификацијата, ја интензивиравме изградбата на железницата кон Бугарија и реално очекувам втор и трет квартал да имаме силен раст на капиталните инвестиции. Ни претстои долга градежна сезона, очекуваме се што најавивме за изградба и реконструкција во инфраструктурата да реализираме за оваа година, и уверен сум дека ни претстои силна економска година посветена на инфратсруктурата – рече Сугарески.

Тој информираше дека се завршени 50 проценти од работите за изградба на пругата кон Бугарија.

– Голем дел од проблемите се надминати, се очекува анекс договорите да се потпишат, првата делница сериозно се интензивира, за втората делница се очекува до крај на годината да се избере изведувач и да почне изградбата, а за третата од Крива Паланка до бугарска граница Министерството за финасии работи на обезбеудвање средства. Таму имаме 60 милиони грант средства од ИПА, согласно роковите очекуваме да биде и динамиката – рече Сугарески.

Тој најави дека за краток период се очекува пуштање на автопатот Скопје Штип, ќе се интензивира работата на автопатопт Кичево Охрид и ќе почне изгардбата на автопатот Скопје Блаце.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев: Регионот е сменет, должни сме да создаваме услови за развој

saso user

Арсовска: Да не се зголемуваат платите насила

saso user

И пензионерите треба да се радуваат на растот на платите

saso user