Број на текстови објавени денес: 0
Здравје

И мажите имаат биолошки часовник

Жените многу почесто размислуваат за својот биолошки часовник и за тоа која е најдобрата возраст да се стане мајка, но и возраста на мажот има незанемарлива улога. Повеќе се става акцент на биолошкиот часовник и на плодноста кај жените, но новите истражувања тврдат дека ни мажите немаат многу време за деца. Според студијата објавена во списанието Maturitas, мажите би требало да размислат за зачување на својата сперма пред таа да достигне до поодмината возраст за станување татко. Таа гранична возраст се смета дека е онаа над 40 години, но кај некои мажи тоа се и доцните триесетти.

Во тие години доаѓа до намалување на плодноста и на можноста за зачнување, но и до поголеми ризици во бременост. Имено, поодминатата возраст на таткото може да ги зголеми шансите за гестациски дијабетес, прерано раѓање на детето или прееклампсија.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нездравата исхрана убива повеќе од алкохолот, дрогата, пушењето и несигурниот секс заедно

saso user

Фејсбук и Јутјуб нема да ги препорачуваат содржините насочени против вакцинирањето

saso user

Лебарките предизвикуваат алергиски реакции, како да се ослободите од нив

saso user