Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

По денешниот избор за претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ во куса изјава за медиумите ги кажа приоритетите на новото раководство.

– Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот, професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката. Наш приоритет ќе бидат младите, враќање на навивачите во салите, заживување на кошарката, враќање на оптимизмот, издигнување на А-селекцијата на повисоко ниво, каде што сме биле по можност и чекор понапред – изјави новиот прв човек на македонската кошарка.

Антиќ на денешното собрание беше единствен кандидат за претседател на КФСМ и едногласно е назначен за наследник на функцијата која досега ја вршеше Петар Наумоски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Формирани двојките за плејофот во Лига Европа

saso user

Тежок пад на Линдзи Вон на стартот на Светското во Оре (ВИДЕО)

ohrid_user

Клоп ги повика своите играчи да останат „алчни“ за трофеи

saso user