Бизнис

Граѓани и фирми за даноци должат над 1,4 милиони евра

Граѓаните и фирмите ѝ должат на државата вкупно 8.700.077.184 денари (1.414.635 евра), покажува последната Листа на должници објавена од Управата за јавни приходи (УЈП).

Листата се однесува на  долгови доспеани до 31.01.2019 и неплатени до 30.04.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжителни социјално осигурување, акцизи и царини.

Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8.569.230.137 денари, додека долгот за царински давачки е 130.847.047 денари.

На Листата се 1.934 правни субјекти или 75 повеќе од претходниот месец и 2.409 физички лица, што е за 183 повеќе од претходната листа.

Физичките лица и самостојни вршители на дејност што се наоѓаат во оваа листа имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој надминува 300.000 денари.

И на оваа листа се најдоа веќе познатите фирми кои со години не ги подмируваат своите обврски кон државата, фирми во стечај, како и јавните претпријатија кои исто така не успеваат да ги подмират своите обврски. На листата се фудбалски клубови, но и познати личности.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Колку заработи Трамп од својот бизнис?

saso user

Бектеши се надева дека до крајот на неделава Косово ќе ги укине бариерите за компир и мед

saso user

1.600 домаќинства од Скопје побарале субвенции за инвертери

saso user