Бизнис

Повратот на ДДВ за граѓаните се подготвува, но ребаланс нема да има

Повратот на ДДВ за граѓаните навреме ќе почне да се реализира, најави денеска министерот за финасии Драган Тевдовски.

– Министерството за финансии и Управата за јавни приходи го подготвуваат системот за поврат на ДДВ за граѓаните и овој проект навреме ќе стартува- рече Тевдовски.

Тевдовски не сакаше да каже дали се подготвува ребаланс на буџетот со оглед дека капиталните инвестиции потфрлија во првите три месеци.

– Секојдневно се анализираат податоците. Приходната страна на буџетот е добра. Оној момент кога ќе оцениме дека има потреба за ребаланс на буџетот, тоа и ќе го соопштиме – рече тевдовски.

Тој соопшти дека секојдневно комуницираат со премиерот во одно и на ова прашање.

– Заедно ќе донесеме одлука дали ќе има ребаланс на буџетот – рече тој.

За слабите бројки во однос на капиталните инвестиции рече дека од лани инвестициите што ги реализира Јавното претпријатие за државни патишта не влегуваат во вкупните капитални инвестиции и затоа брјките се поинакви.

– Ова јавно претпријатие за 300 пати ја зголеми реализацијата на инвестициите.Но имаме и подобрување на капиталните инвестиции. Имаме и добри резултати во извозот, а е подоброено и кредитирањето на корпоративниот сектор што ќе влијае на натамошно подобрување и забрзување на растот – рече Тевдовски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Автоматизацијата ќе укине една четвртина од работните места во Словенија

saso user

Заев најави ребаланс на буџетот за капитални проекти

saso user

До април скопјани ќе се возат во нови 33 еколошки автобуси

saso user